spot_img

ТРИК со кој многу брзо ќе ви порасне тестото

- Advertisement -

Прочитајте ги овие едноставни трикови кои ќе го забрзаат растењето на тестото и приготвувањето на печивата.

Приготвувањето на печивата не е многу омилен потфат за нетрпеливите домаќинки (и домаќини) поради чекањето да порасне тестото. Но и за тоа постои решение.

Квасецот го поттикнува растењето на тестото а најдобро делува во влажна и топла средина.

Затоа, обликуваното тесто ставете го блиску до извор на топлина. Идеално е тестото да расте во близина на рерната која сте ја вклучиле да се загрева. Меѓутоа, водете сметка тестото да не биде преблиску до изворот на топлина, бидејќи ќе добиете спротивен ефект.

Растењето ќе се забрза и ако обликуваното тесто го покриете со малку натопена крпа. Оваа постапка, во комбинација со топлината, може да го забрза растењето на тестото и приготвувањето на печива.

Или едноставно: во благо загреана рерна, ставете сад со врела вода која испарува, па на погорната решетка ставете го тестото да одмора и расте.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ