spot_img

Три нови вработувања со плати од над 80 и 50 илјади денари, еве кој може да аплицира

- Advertisement -

Агенцијата распишала огласи за вработување за три работни места, од кои едната плата е над 80 илјади денари, а другитен две се над 50 илјади денари.

Едното работно место е за Советник на директорот за информатички технологии(, кој покрај општите услови, треба да исполнува и квалификации – ниво VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, и тоа Електротехника, компјутерска техника и информатика или информатика, потоа најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 10 (десет) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор

Посебни работни компетенции се активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, потврда за положен испит за административно управување и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Како што стои во огласот објавен на веб страната на АЕК, неговата плата ќе биде 80.130 денари.
Инаку, тој човек, согласно годишниот план на институцијата, треба да биде Албанец согласно етничката припадност.

Ќе се прима и виш соработник за наплата на побарувања и платни налози, кој треба да има ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки и најмалку 2 (две) години работно искуство во струката.
Неговата плата ќе биде 54.790 денари. И неговата националност треба да биде Албанец, стои во огласот.

И третиот кадар што ќе се прима ќе биде помлад соработник за човечки ресурси, со ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Психологија или правни науки, со или без работно искуство во струката

Неговата плата ќе биде 50.318 денари, а согласно годишниот план на институцијата за 2022 год, тој кадар треба да биде Турчин.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ