spot_img

УТРЕ ГИ СЛАВИМЕ СВЕТИТЕ МАЧЕНИЦИ СЕРГИЈ И ВАКХ! Се верува дека на овој ден една работа НЕ СМЕЕ да се направи!

- Advertisement -

Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста и верноста. Но, кога слушна царот дека овие негови двајца достоинственици се христијани, ја измени својата љубов кон нив во гнев.

И еднаш, кога имаше големо жртвопринесување на идолите, царот ги повика Сергиј и Вакх заедно со него да им принесат жртви, но тие отворено му откажаа послушност во тоа.

Надвор од себеси од јарост, царот нареди и им ја соблекоа војничката облека, ги облекоа во женски фустани; уште им ставија и железни обрачи на вратот и така ги водеа по улиците на градот Рим за потсмев на сите и на секого. Потоа царот ги испрати во Азија, кај својот намесник Антиох, заради мачење.

А овој Антиох се имаше издигнато на својата положба со помош на Сергиј и Вакх, коишто во свое време го препорачаа кај царот.

Кога тој почна да ги советува да се одречат од Христа за да се спасат себеси од бесчестење, маки и смрт, овие свети луѓе му одговорија: „И чест и бесчестење и живот и смрт – сè му е исто на оној што го бара Царството Небесно.“ Антиох ги фрли Сергиј и Вакх во затвор и нареди прво да го мачат Вакх.

Слугите се менуваа еден по друг тепајќи го светиот, сè додека не му го здробија телото. Од здробеното раскрвавено тело на свети Вакх излезе неговата душа носена од ангелските раце пред Господа.

Тој пострада во градот Варвалис. Тогаш беше изведен свети Сергиј, кој го обуја во железни опинци начичкани однатре со клинци, и така го туркаа до градот Росаф во Сирија, каде што го убија со меч. Пострадаа и примија венци на бесмртна слава околу 309 година.

Земјоделците особено да внимаваат да не излезат на нивата на овој ден, затоа што не е соодветно да се ора тој ден. Денеска има се помалку луѓе кои се занимаваат со земјоделство до тој степен што цел ден го поминуваат на нива, но тоа може да важи и за оние кои рекреативно се занимаваат со одгледување одредени растенија, или работат во двор. Затоа, ако имате градина или одгледувате растенија, не правете го тоа денес, направете пауза.

Исто така, се смета дека овој ден е природната граница меѓу есента и зимата, а на овој ден дури и дивите животни стануваат питоми и кротки.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ