spot_img

УТРЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОЈДЕТЕ ВО ЦРКВА И МОЛЕТЕ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ НА ВАШИТЕ МИЛИ: Го славиме овој Свет пророк

- Advertisement -

Го празнуваме споменот на Твојот пророк Софониј, Господи, затоа Те молиме, спаси ги нашите души.

Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија.

Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Јерусалим, Египет.

Јерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците – фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат законот“

Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко јерусалимска!“ Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога.

Утре задолжително одете во црква, запалете свеќа и молете му се на Софаниј за здравјето на вашите најблиски.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ