spot_img

(ФОТО)ДЕЈАН ЖИВЕЕЛ ОД СОЦИЈАЛНА ПОМОШ, СЕГА ИМА 20 ГОДИНИ И ЗАРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ДОЛАРИ ГОДИШНО: Носи Ролекс, вози ПОРШЕ, а еве што прави!

- Advertisement -

Секогаш кога ќе се спомнат јутјубери или блогери , едно од првите прашања е – дали е можно да заработуваат толку многу. На нашите простори ги има многу и ги има се повеќе, а еден од најуспешните, но можеби не и најпознат е Дејан Николиќ, кој заработува милиони од YouTube.

Неговото уметничко име е Дејв Ник и со години го користи концептот за автоматизација на YouTube. Тој почна да го прави ова во 2019 година. Дејан се појавува пред камерите на три канали, има уште четири канали со непознати наратори и 12 со кратки видеа на YouTube.

Дејан тврди дека само во 2021 година заработил 1,4 милиони долари, а во првите шест месеци од оваа година веќе заработил 1 милион долари. Клучот за успехот, вели тој, бил неговиот курс за претприемништво на YouTube од 995 долари, кој е одговорен за 70 отсто од неговиот приход.

„Не многу луѓе заработуваат повеќе од неколку милиони годишно со автоматизацијата на YouTube“, изјави Дејан за New York Times.
Тој исто така спомна дека голем број негови колеги заработуваат по пет цифри месечно на YouTube.

Видеата на Дејан на Јутјуб ги истакнуваат парите што ги заработил и колку неговите гледачи можат да очекуваат да заработат самите.

На неговиот Инстаграм профил можете да видите каде патува, како вози Порше и носи Ролекс, но и како изградил бизнис со YouTube. И покрај тоа, Дејан тврди дека неговиот живот не е само гламурозен.

„Поминувам речиси 15 часа дневно на компјутер“, изјави Дејан за New York Times.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ