Оскар уште како момче одлучил дека сака да биде свештеник, а она што привлекува големо внимание е неговиот физички изглед.




Оскар Арнгарден (38) е свештеник од Шведска кој има десетици илјади обожаватели, од кои повеќето се жени. Овој свештеник привлече внимание со својот изглед – мускулесто тело и тетоважите кои го красат неговото тело .




Тој се претставува како „crossfitpriest“ и е многу отворен за секоја тема која се однесува на неговиот личен живот.
Овој модерен претставник на Евангелско-лутеранската црква го следат речиси над 40.000 луѓе на Инстаграм.




„ Некои ме следат затоа што не се навикнати да гледаат свештеник кој е обучен и тетовиран “, рече Оскар и додаде дека други го следат затоа што се заинтересирани за неговата обука.




Инаку, Оскар на 14 години почнал да размислува да стане свештеник. На теологија се запишал во 2015 година.
Никогаш не зажалил за својата одлука, но тврди и дека тоа не му ја поколебало љубовта кон спортот со кој се занимава онолку долго колку што се сеќава.




„ Почнав да тренирам на 18 години, а дотогаш играв фудбал. Тренирам 5 дена во неделата“, вели овој згоден свештеник, а црквата не гледа ништо непристојно во тоа што Оскар тренира.




Има луѓе кои се повеќе или помалку критични, но пред се има љубов“, вели Оскар и открива која ја смета за најголемата грешка на црквата.




„Голема грешка е што црквата мисли дека може да разговара со младите без претходно да ги слуша“, вели Оскар и додава:
„Црквата постојано опишува што е правилно, а што не, кои искуства се бројат на луѓето, а кои не. Ние како црква мора да станеме подобри слушајќи ги младите луѓе, нивните приказни и искуства. Не сакам да зборувам премногу Претпочитам да слушам и да научам нешто за личноста пред тебе“.