spot_img

32-годишен делчевчанец починал од Ковид во Германија – семејството бара помош за транспорт на телото

- Advertisement -

Семејството на 32-годишниот Гоце Јанѓелковски, млад делчевчанец, кој пред неколку дена поради компликации од Ковид-19 починал во градот Бруксал во Германија, каде живеел и работел во последните две години со неговата сопруга, преку црквата Св. Никола, Мајнц, молат за помош за транспорт на телото до Македонија.

„Драги браќа и сестри вчера на 23.09.2021 година по неколку месечната борба со компликациите предизвикани од вирусот, се упокои во Христа нашиот мил брат Гоце Јанѓеловски роден на 30.07.1989 година во Делчево, Македонија, а нецели две години со својата сопруга живееше во градот Бруксал.

Знаејќи дека трошоците околу транспортот до неговото родно место каде живее неговата фамилија се огромни, Ве известуваме дека во недела после завршувањето на богослужбата во храмот „Свети Никола” – Мајнц,

ќе биде организирано собирање на финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош околку трнаспортот до Македонија на прерано починатиот брат Гоце.

Бог да го упокои во место светло каде што нема болка, тага или воздишка, а на семејството да им дарува утеха, сила и поткрепа,“ се вели на Фејсбук профилот Свети Никола – Мајнц.

Кој сака да донира, тоа може да го направи на сметка на Јане Јанѓелковски,

Комерцијална Банка, број на Сметка: 300057073987370

Средства ќе се собираат и во црквата Св. Никола, Мајнц, во текот на целиот ден.

- Advertisement -
spot_imgspot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ